Пристигнаа службениците на ФРОНТЕКС кои ќе ја чуваат границата со Грција (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Денеска (19.04.2023) во Регионалниот центар за гранични работи Југ во Кавадарци, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски им посака добредојде и го поздрави присуството и официјално започнување на Заедничката операција ,, Северна Македонија 2023“ – на службениците на ФРОНТЕКС кои ќе бидат распоредени на границата кон Република Грција.

Loading...

 

 

Заедничката операција предвидена да трае до 24 јануари 2024 година, со можност за нејзино продолжување, има за цел поддршка на националните служби во граничната контрола и управувањето со миграциите, вклучувајќи ги и превенцијата, откривањето и спречувањето на прекуграничниот криминал, во прибирањето и размената на оперативни информации и идентификувањето на можни ризици и закани , јакнење на оперативната соработка и поддршка на оперативните капацитети.

 

 

Loading...

Очекуваме истата да придонесе за поефикасно справување со прекуграничниот криминал, вклучително и криумчарењето мигранти, трговијата со луѓе и тероризмот како глобални предизвици. Заедништвото на оваа операција се согледува и преку вложување во персонал и опрема за да обезбедиме поголема безбедност.

Планирано е во текот на 2023 година ФРОНТЕКС да распореди повеќе од 100 службеници, патролни возила и специјална опрема на македонско-грчката граница со што значително ќе се зголемат капацитетите за откривање на илегалните активности вдолж границата , притоа почитувањето и заштитата на основните права на секое лице засегнато од операциите на ФРОНТЕКС е во центарот на активностите на агенцијата.

 

 

Во рамки на посетата на министерот Спасовски беше организиран и Првиот оперативен брифинг за припадниците на ФРОНТЕКС во заедничка координација на ФРОНТЕКС, Одделот за гранични работи и миграции и Регионалниот центар за гранични работи Југ, со што и официјално започнува Заедничката операција.

Министерот Спасовски на средбата со началникот на Регионалниот центар за гранични работи Југ, Славчо Богев во Кавадарци на која беа присутни и сопствениците на пет општествено одговорни фирми од Кавадарци им додели Благодарници за партнерство и успешна реализација на целите од заеднички интерес во модернизирање на капацитетите на МВР на Република Северна Македонија.