Првите дози од вакцините на компанијата Фајзер пристигнаа денеска на граничниот премин Табановце.
Нив ги донесе делегацијата на Република Србија предводена од тамошниот претседател Александар Вучиќ заедно во придружба со министерот за здравство Златибор Лончар.
Од македонската страна вакцините ги пречекаа премиерот Зоран Заев, министерот за здравсто Венко Филипче, првиот вицепремиер Артон Груби, како и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Станува збор за првата пратка вакцини која што стигнува во земјава кои што се од компанијата Фајзер околу 8 илјади дози со кои ќе започне имунизацијата на населението во Македонија.
Во своето обраќање премиерот Зоран Заев ирази огроммна благодарност до српските власти за оваа донација која што е од особено значење за стартот на вакцинацијата, и исто така упати благодарност до пратениците Иван Стоиљковиќ од Српсаката партија и Мирослав Јовановиќ и двајцата пратеници од Куманово кои според изјавата на Заев имаат дадено свој допринос во обезбедување на оваа прва пратка како донација од Србија.
По своето обраќање претседателост на Србија, Александар Вучиќ рече дека е чест на се помогне на една братска држава и дека ова е чин на пријателство и се надева дека ќе биде еден од чекорите кон понатамошна соработка и идејата на минишенген на Балканот.
Доцнењето на вакцините како што рече Вучиќ кои требаше да стигнат во четврток е од бирократски процедури односно од договорот што Србија го имала потпишано со компанијата Фајзер со кој што се забранува извезување на вакцините, откако е добиена таа дозвола денеска вакцините пристигнаа со комбе од Србија пристигнаа во земјава и ќе бидат транспортирани кон Скопје.
Вакцвините под дилно полициско обезбедување во овој момент се транспотрираат од граничниот премин Табановце кон Скопје каде деновиве ќе започне и имунизацијата.
Текст: М. Ф. / Фото: Никола Ивановски