Прислушувани поранешниот градоначалник Зоран Дамјановски и граѓани на Куманово

Сподели со своите пријатели

Граѓани на Куманово лоцирани како соработници на поранешниот градоначалник Зоран Дамјановски биле прислушувани од страна на ексдиректорот на Бирото за јавна безбедност и ексначалник на крим техника при СВР Скопје, Горанчо Савевски.

Во 2013 година кога Дамјановски бил кандидат за градоначалник на Куманово од редовите на СДСМ, Савевски разговарал со тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и ја информирал за луѓе кои седеле во локал во Куманово и разговарале за колумна во која се величи Циц, пишува Макфакс.

Во разговорот кој денес се преслушувал на рочиштетот за „Титаник“ се слушнал разговорот во кој Савевски правел цели анализи, кој со кого се среќавал во Куманово и вели на Јанкуловска од дека „Баба Цана“ па до последната пицерија, прошетал со свои тимови за да види кој за кого агитира.

Повеќе на МакФакс

Leave a Reply