ПРИНЦОТ ОДЛУЧИ: Хартијата во Дубаи заминува во историјата

Сподели со своите пријатели

Дубари, еден од седумте емирати кои ги сочинуваат Обединетите Арапски Емирати, планира да стави крај на употребата на хартијата во владата до 2021 година, соопшти тамошниот принц и висок владин претставник, Хамдан Бин Мохамед.

Тој истакнува дека во рамките на проектот „Смарт Дубаи Офис“, до крајот на годината државата планира да го испечати последниот владин документ на хартија.

Верувам дека иднината бара опкружување во кое Владите ќе работат без хартија и во кое ќе се фокусираат на плановите за постигнување на најдобрите стандарди за луѓето – рекол принцот.

Проектот нуди веќе околу илјада услуги на државните управи, а Дубаи има намера да понуди 1.129 услуги до крајот на 2021 година.

 

Loading...