Примирјето меѓу Израел и Хезболах стапи на сила утрово во 04 часот

Сподели со своите пријатели

Примирјето меѓу Израел и Хезболах стапи на сила утрово во 04:00 часот по локално време, со што заврши речиси 14-месечните борби, кои започнаа откако Хамас го нападна јужниот дел на Израел во октомври минатата година.

Loading...

Како што примирјето влезе во фаза на спроведување, портпаролот на израелската војска Авихаи Адре ги предупреди либанските цивили да не се враќаат во нивните села во јужен Либан и ги повика да ги избегнуваат областите претходно евакуирани од израелската армија.

Утринава може да се забележат „реки“ од автомобили како се движат во правец на јужен Либан, и покрај предупредувањето на израелската армија се уште да не се враќаат во селата, пишува Тајмс оф Израел.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нови напади во Газа: 15 мртви, меѓу кои и синови на поранешниот портпарол на Хамас

И Би-Би-Си известува дека новинарите на Ројтерс виделе десетици возила како се движат кон јужен Либан набргу по стапувањето на сила на прекинот на огнот.

Договорот за прекин на огнот, одобрен синоќа од израелскиот кабинет за национална безбедност со 10 гласа „против“, предвидува 60-дневен преоден период во кој израелските одбранбени сили (ИДФ) ќе ги повлечат трупите од јужен Либан, додека либанската армија распоредува околу 5.000 војници јужно од реката Литани, вклучително и 33 точки долж границата со Израел, според порталот „Тајмс оф Израел“.

Хезболах ќе го напушти јужниот дел на Либан и неговата воена инфраструктура ќе биде демонтирана.

САД, исто така, наводно доставиле дополнителен документ во кој се прецизирани правата на Израел да одговори на потенцијалните прекршувања на примирјето.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  И Хамас е подготвен за прекин на огнот со Израел

Иако Хезболах соопшти дека го прифаќа предлогот за прекин на огнот, заменик-претседателот на политичкиот совет на Хезболах, Махмуд Камати, вчера изјави дека се уште не го видел конечниот текст на договорот.

Loading...

– Откако ќе го разгледаме договорот потпишан од непријателската влада, ќе видиме дали има совпаѓање меѓу она што го побаравме и она на што се согласија либанските власти – изјави тој за Ал Џезира.

Додека израелските сили и Хезболах продолжија да се судираат, неколку часа пред да стапи на сила примирјето, израелската авијација нападна 20 објекти во јужните предградија на Бејрут.

И покрај примирјето, тензијата се уште е присутна, а меѓународните сили, вклучително и американските војници, продолжија со воените акции во регионот, додека извештајот за страдањата на хуманитарните работници на либанско-сириската граница дополнително ја влоши ситуацијата, забележува израелскиот портал.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран и Египет го поздравија примирјето меѓу Израел и Хезболах, а се огласија и Хутите