Вчеравечер во 20.40 часот на граничниот премин „Табановце“, при пасошка контрола, било констатирано дека лицето К.П. (22) од Прилеп евидира на Стоп листа и е предмет на потрага поради сомнение дека е извршител на кривично дело „тешка кражба“, информираат од Министерстрвото за внатрешни работи.
Лицето е лишено од слобода и во 21.45 часот е предадено на полициски службеници СВР Куманово за понатамошна постапка.