Приказната за последниот затвореник од Втората светска војна: Поради една грешка, ослободен дури во 2000 година (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Ова е неверојатната приказна за унгарскиот војник Андраш Тома, кој бил заробен од Советите во близина на полскиот град Краков во 1944 година.

Loading...

 

 

Недолго потоа, тој завршил во логорот во Ленинград, заедно со десетици негови другари. Тој бил погрешно регистриран како Андрас Тамас, што ја запечатило неговата судбина.

Имено, гореспоменатата печатна грешка предизвика Андраш Тома да се „изгуби“ во документацијата, а може да се каже дури и во историјата.

По две години во кампот, тој доживеал нервен слом и бил префрлен во психијатриска болница – каде никој не го знаел унгарскиот јазик. Затоа, човекот молчел, а персоналот верувал дека е нем.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хеви метал како смртоносно оружје на американската војска (ВИДЕО)

И така цели 53 години.

Loading...

Во меѓувреме, на Андрас му била ампутирана десната нога поради непознати здравствени компликации, пренесува LadBible.

Дури во 1997 година случајно го открил човек кој знаел унгарски, а три години подоцна бил вратен дома.

Таму го пречекале брат му и сестра му.

Многу семејства верувале дека Андрас е нивен роднина, па испратиле примероци од ДНК, а тестовите покажале дека Ана е негова најблиска роднина.

Андраш починал неколку години подоцна, во 2004 година.