Приказната за најпознатата фотографија во светот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Фотографот Чарлс О’Рир создаде една од најпознатите и најпопуларните фотографии во светот, која е препознатлива како познатата позадина за „Windows XP“.

Loading...

 

 

На фотографијата се гледа зелен рид и сино небо со бели облаци. Многумина мислеа дека сликата е вештачки генерирана, но не е. Се проценува дека фотографијата ја виделе околу милијарда луѓе.

„Бев на гости кај една девојка, а зелената трева и сончевата светлина ми го привлекоа вниманието. Во тоа време направив четири фотографии”, рекол фотографот Чарлс.

Фотографијата ја нарекол „Блаженство“.

Мајкрософт ја купил фотографијата и ја заштитил како позадина за оперативниот систем Windows XP. Се проценува дека за фотографијата авторот добил околу 100.000 фунти.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Не знаел дека војната завршила: Се криел во џунгла цели 30 години (ВИДЕО)