Приказната за модерниот Тарзан: 40 години живеел во џунгла, почина од рак откако дојде во цивилизација (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Хо Ван Ланг живеел среќен живот 41 година далеку од цивилизацијата во виетнамската џунгла, а потоа бил пронајден од спасувачките мисии.

Loading...

 

 

Иако на многумина им изгледа како добро сценарио за филм, Хо Ван зад себе има неверојатна приказна.

Тој бил спасен пред 11 години од џунглата, каде што немал контакт со други луѓе, а камоли со модерната цивилизација.

Неговиот татко, воениот ветеран Хо Ван Тан, се преселил таму во 1972 година кога американските трупи го бомбардирале неговото село и го убиле целото негово семејство.

Живееле далеку од светот, Ланг не ни знаел дека постојат жени, затоа што татко му не му објаснувал.

Loading...

Тан намерно ги ограничил информациите што му ги пренесувал на својот син: сакал неговиот син да се плаши од луѓето, за да биде што е можно повнимателен.

На пат кон болницата каде што му бил извршен прегледот се возел во автомобил што за него било апсолутна сензација. Единствениот здравствен проблем што некогаш го имале таткото и синот бил оној што ги снашол по нивното враќање кај луѓето.

Во контакт со бактерии и вируси, на кои нивниот имунолошкиот систем не бил навикнат, веднаш се разболеле.

Ланг, кој живеел со својот татко на овошје, зеленчук, мед, морал да се прилагоди на новиот начин на живот. За жал, во ноември 2021 година, модерниот „Тарзан“ почина од рак на црниот дроб на 52-годишна возраст, откако се сретна со „фаталните последици“ на модерниот живот, откако почнал да јаде преработена храна, а понекогаш и да пие алкохол.