Приказната за Фетка – партизанка од кумановско

Сподели со своите пријатели

Во пресрет на 11 Ноември – Денот на ослободувањето на Куманово

Во ноќта на 21 септември 1944 година, колона од партизани борци го минувале матниот Вардар. Меѓу нив била и осумнаесетгодишната Елизабета Насковска – Фетка. Нејзината младост не знаела за страв. Таа храбра девојка згазнала низ немирните води на брзиот Вардар. Уште пред да излезе во Партизани на својата мајка и оставила фотографија. На неа и напишала: За вечен спомен на милата ми мајка, од непослушната Фетка“.  
  Таа непослушна Фетка, куршумите не ја плашеле, ниту пак брзите води на немирната река можеле да создадат сомниение пред задачите што ја очекувале. Постојан епитет на нејзините 18 години била храброста.
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Плинска боца и бојлер предизвикаа пожари во две куќи во Куманово
Немирните бранови на Вардар кои се мотале во брзаци, таа ноќ сјаеле. Таа ноќ месечината била сокриена, како да не сакала да биде сведок на подлата намера на Вардар, а можеби и знаела за разговорот на Фетка со нејзината мајка. – Ќерко мила, послушај ја својата мајка. Немој да одиш во партизани! – Не мајко, ќе те послушам, нема да излезам, ја тешела Фетка. И кога во 1943 година скоевката Фетка Насковска излегла во партизани, не заборавила да остави своја фотографија на мајка си. Мајка и долго ја чекала да се врати. Кога ја пронашла фотографијата, се и станало јасно.
ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Дедо Мраз на мотор“ ја внесе новогодишната магија во Куманово (ФОТО)
Минувале денови и месеци, а Фетка не се јавувала. Еден ден поштарот тропнал на вратата и донел писмо, а во него: – Мамо, ти се јавува од Грција. Овдека е многу тешко, ние јадеме суви лисја. Но, немој да тагуваш мајко, за мене. Ти имаш ќерка борец. Ти можеш да се гордееш со својата ќерка, јас сум делегат на нашата десетина. Мајко пред неколку дена бев одликувана со сликата на Тито. Не заборави мајко мила, дека бргу ќе дојде денот кога твојата ќерка со пушка в рака ќе маршира низ улиците на нашиот град. Тогаш мајко ќе ја видиш твојата ќерка во партизанска облека, стоело во писмото на Фетка.
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Плинска боца и бојлер предизвикаа пожари во две куќи во Куманово
Немирните бранови на Вардарна 21 септември 1944 година проголтале единаесет партизани. Меѓу нив била и „непослушната“ Фетка. Затоа месечината била сокриена. Таа не можела да го гледа давењето на непреживеаната младост. Младост полна со идеали, младост која за идеал ја имала слободата. Фетка знаела дека слободата бара жртви. Нејзината голема желба, таа да го ослободи својот град останала неисполнета. Само за неполни два месеци градот бил ослободен. Фетка не го доечкала тој ден. Нејзината младост пропаднала во матните води на Вардар. Единствено што и останало на мајката на Фетка е нејзината фотографија. Нејзиниот гроб бил Вардар. Нејзините очи и насмевка ги покриле длабочините на немирната река. Пишува: Љубинка Крстевска Извор: „Наш весник“ број 74 (среда, 11. Ноември 1964. година)