Пријавени се уште два смртни случаи од мајмунски сипаници

Сподели со своите пријатели

Уште две лица починаа од мајмунски сипаници, покажува најновиот извештај на Светската здравствена организација.

Loading...

Претходно беше пријавен еден смртен случај од мајмунска сипаница. Сите смртни случаи се регистрирани во Африка.

Извештајот на СЗО покажува и дека вкупниот број заболени во моментов е над 6.000, а најголемиот дел од случаите се регистрирани во Европа.

Речиси сите пациенти се мажи

– Пандемијата продолжува да ги погодува првенствено мажите кои имаат секс со мажи, кои пријавиле дека имале секс со еден или повеќе машки партнери неодамна, што сугерира дека засега нема пренос на вирусот надвор од овие мрежи – се вели во извештајот.

СЗО треба повторно да се состане на 18 јуни за да одлучи дали ширењето на мајмунските сипаници да се прогласи за глобална закана за јавното здравје, што е највисокото ниво на тревога што може да го прогласи СЗО.