Дваесет и шестгодишник од Куманово доби кривична пријава под сомнение дека објавувал експлицитна содржина од женско лице без нејзина дозвола.
– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Л.А.(26) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, на 28.10.2025, пријавениот преку профил на социјална мрежа објавил експлицитни фотографии и видеа од женско лице, без нејзина согласност.
Никола Ивановски

