Пријателството нема граници: Веќе шест години на грб го носи својот другар на училиште (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

На 12-годишниот Занг Зеу му е дијагностицирана автономна невролшка болест (маистениа гравис) кога имал четири години, поради што Занг постепено ја губел котролата над мускулите во нозете.

Loading...

Кога тргнал на училиште, неговите родители го возеле секој ден, но не можеле да му помагаат да се движи во училиштето меѓу часовите или кога требало да оди во тоалет. Меѓутоа помошта била брза.

Откако се запознале во првото одделение, неговиот сегашен другар, одлучил дека тој ќе биде за болното момче она што неговите сопствени нозе не можат. И од таа одлука не отастапил ниту еднаш за шест години од нивното пријателство.

– Поголем сум од него. Мислев дека ако не му помогнам, нема никој друг. Јас имам 40 килограми, а тој има 25, па ми е лесно да го носам, изјавил срамежливо неговиот другар.

Сепак, тоа не е толку лесно. Само за да преминат пат од училница до тоалет, 70-ина метри, потребни им се три минути. Болното момче вели дека на својот другар не може доволно да му се заблагодари за неговата добрина.

– Тој ми е најдобриот пријател. Секој ден учи, разговара и се игра со мене. Благодарен сум му што секој ден се грижи за мене, рекол Занг.

Дури и мајкат ана оваа момче не знаела за неговите несекојдневни активности се додека за тоа не дознала од другите ученици.

Кога го прашале што би сакал да биде кога ќе порасне, доброто момче рекло дека сака да продолжи да им помага на другит еи да волонтира за добробит на општеството.

Loading...

Leave a Reply