Прием кај градоначалникот Дамјановски по повод одбележувањето на детската недела

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на општина Куманово Зоран Дамјановски денеска организираше свечен прием за децата и претставниците од Здружението за грижи и воспитување на децата, во рамки на одбележувањето на Детската недела, која се одржува под мотото „ Сите сме еднакви“.

 

 

Тој истакна дека сите деца во општеството треба да ги уживаат истите права без оглед на етничката, верската или каква било припадност, и како што рече, тоа мора да биде императив на едно современо општество.

 

 

Тој изрази надеж дека наскоро Здружението за грижи и воспитување на деца ќе добие своја просторија за работа во Пионерскиот дом.

 

 

Во рамки на одбележувањето на Детската недела, во основото училиште „11-ти Октомври“, ќе се одржи и манифестацијата Детски лирски треперења. 

Извор: МИА