Придобивките од црвеното вино – го олеснува воспалението на дишните патишта

Сподели со своите пријатели

Консумацијата на црвено вино и грозје може да придонесе за ограничување на болестите како астма, хронична опструктивна белодробна болест и инфекции, соопшти “Сајанс дејли”, повикувајќи се на резултатите од едно американско истражување.

Loading...

Авторите од Универзитетот во Џорџија утврдиле дека ресвератролот – природна состојка во виното, грозјето и малите безкостиливи овошја, е во состојба да го олесни воспалението на дишните патишта потискајки ги респираторните патогени.

Истражувачите сметаат дека врз основа на овие својства ресвератролот може да се користи за развивање на нови и поефикасни антиинфламаторни лекови.

Ресвератролот припаѓа на групата соединенија познати како полифеноли, кои дејствуваат како антиоксиданти.

Leave a Reply