Причините кои довеле до смртта на 22-годишниот затвореник од кумановскиот затвор К’шање се уште не се познати.
Како што информираат од Управата за извршување санкции во недела околу 07:30 часот при редовна утринска проверка на бројната состојба на осудените лица, дежурниот командир која ја примал работата во дневната смена заедно со помлад надзорник исто така припадник на Затворската полиција, на првиот кат во затворското одделение во собата каде престојувало осуденоо лице Љ.Б. во неговиот кревет во позиција како да спие, го пронашле лицето бе знаци на живот.
– Веднаш била повикана итна медицинска помош која во затворот пристигнала во 08:15 часот, но истата не можела да стори ништо од причина што лицето веќе било починато, а констатирано е дека нема траги на насилство, велат од Управата.
Од таму додаваат дека по прегледувањето на снимките од камерите во затворското одделение било констатирано дека во текот на ноќта никој не влегувал во собата на починатиот затвореник, односно не престојувале други затворени лица со него ви оста соба.
– Во непосредба близина на неговата ќелија има соба за надзор на осудените лица и од страна на затворскат аполиција, како и од осудените лица од затворското одделение не било забележано ништо невообичаено во теко на ноќта пред немилиот настан, додаваат од Управата за извршување санкции.
Повеќе информации околу причините за смртта треба да даде обдукцискиот извештај откако ќе заврши обдукцијата на телото на 22-годишниот затвореник од Куманово.