Екстремната глад, т.е. постојаното покажува желба за храна кај кучињата, за жал не е однесување кое зборува дека вашиот миленик е здрав и среќен.
Иако постојат причини за зголемент апетит кои се резултат на изменети услови на живот или некои пореметувања во однесувањето, сктремната глад најчесто претставува симптом за прилично сериозни здравствени проблеми, кои бараат брза реакција на сопствениците и ветеринарите, пишува Петфејс.
Дијабетес
Кучињата кои поради пореметувањето во работата на панкреасот имаат дијабетес мелитус по правило покажуваат знаци на зголемено внесување на храна и вода. Кај дијабетичарите од тип 1 се јавува апсолутен недостаток на инсулин, а кај тип 2 неадекватен одговор на клетките на иснулинот кој се произведува. Двете сосојби спречуваат мускулите и другите органи да претвораат глукоза во енергија па се јавува вишок шеќери во крвта (хипергликемија). Првите симптоми кои можат да укажат на дијабетес се зголемено внесување на вода и храна, а со оглед дека се работи за тешко заболување, треба што побрзо да се побара помош од ветеринар.
Воспалителни процеси во цревата
Причина поради која вашето куче постојано е гладно може да биде и тоа што неговито организам не ги апсорбира сите хранливи состојки. Воспалителната болест на цревата (IBD) се карактеризира со неверојатно голем апетит кај миленици од една страна и константно губење на телесна маса и слабеење од друга страна.
Се смета дека проблемот се формира кога црвените рески поради изумирање или некоја инфективна причина ја губат способноста да извлечат хранливи состојки од храната која кучето ја јадело.
IBD е карактеристичен за кучињата во постара возраст, но може да се појави во било кој дел од животот на миленикот. Оваа болест бара големо внимание на сопственикот и ветеринарот во ибор на терапија како и храна која се обезбедува на заболеното куче.
Интестинални тумори
Постојат неколку видови тумори кои можат да се формираат во гастроинтестиналниот тракт на кучето. Тие претжено ги напаѓаат стомакот и цревата. Најчести се аденокарциномите и леикомисаркоми. Со оглед на тоа дека влијаат на апсорпција на храна, тие предизвикуваат и големо зголемување на апетитот на заболениот миленик.
Хипертироидизам
Оваа болест се формира поради зголемена продукција на хормонот тироксин од штитната жлезда. Во нормални услови, овие хормони ги одржуваат процесите кои се одвиваат во внатрешноста на клетките на кучето. Кога доаѓа до прекумерна продукција на тироксин, процесите во клетките и организмот на кучето драстично се забрзуваат, што доведува и до зголемена потреба за внесувањ ехрана како извор на енергија.
За среќа, хипертироидизмот не е толку чест кај кучињата (почесто е кај мачките), но доколку вашето куче покажува екстремна глад, би било добро вашиот ветеринар и оваа заболување да го стави на листата диференцијални дијагнози.
Старост
Годините живот на вашиот миленик сами по себе, по правило не влијаат на зголемување на апетитот, особено не екстремно. Дури би можело да се каже дека со години нивниот апетит слабее затоа што повеќе немаат потреба од поголема количина на енергија поради намалената физичка активност која ги следи низ годините живот.
Меѓутоа, доколку сепак се јават знаци на згоелемен апетит треба да бидете внимателни затоа што тоа може да биде знак за некои од претходно набројаните причини и проблеми. Старите кучиња по правило бараат зголемено внимание од сопственикот, па држете се до правилото дека својот стар миленик треба барем два пати годишно да го носите на систематски преглед кај ветеринар.
Неадекватна исхрана
Релативно едноставен проблем кај зголемениот апетит на кучето може да биде и неадекватната исхрана која му се дава. Секако, изразот адекватна храна е многу широк и комплексен поим.
Видот и составот на храната треба да бидат прилагодени на расата, големината, возраста и животните услови. Сигурно е дека нутритивните, но и количински потреби на еден малтазер кој живее во куќа и скоро не излегува од рацете на сопственикот и некое ловечко куче кое дневно трча десетина километри не се исти.
Многу сопственици бираат храна за своите кучиња според цената, а не квалитетот, што подразбира соодветен состав кој ќе ги задоволи потребите на миленикот.
Во околности кога се дава храна која не е доволно богата со состојки кои обезбедуваат адекватно ниво на енергија не е чудно дека кучето покажува потреба да јаде количински повеќе храна.
Посоветувајте се со ветеринарот или експертот за исхрана, корегирајте ја исхраната и околку нема некои медицински причини за екстремна глад, проблемот ќе биде решен многу брзо.