Престрашени шесмина луѓе останале шокирани откако лифтот во кој се наоѓале паѓал 84 ката во облакодерот „Џон Хенкок“ во Чикаго.
Патниците, меѓу кои и една трудница, останале заробени во лифтот уште три часа пред да пристигнат пожарникарите.
https://twitter.com/barstoolsports/status/1064644486653984771
Loading...
– Мислев декаќе умреме, рекол за CBS Џејми Монтемејор, кој во Чикаго престојувал како турист.
Неговата сопруга Мана вели дека се спуштале од 95. кат и дека лифтот одел брзо. Тогаш видела ако прашина влегува во лифтот. Дури по извлекувањетоод лифтот открила дека всушност паѓале цели 84 ката.