Немања Спасојевиќ преживеал напад од големата бела ајкула во Сан Франциско во саботата.
Тој бил каснат за ногата од морското чудовиште долг околу два метра, додека нуркал, а среќниот Србин поминал со полесни повреди и истиот ден бил пуштен од болница.
„Јас сум веројатно најсреќниот човек на светот. Доживеав напад од голема бела ајкула и излегов од болницата истиот ден”, вели Немања (38), кој има 10 лузни од каснувањето на задниот дел од бутот.
Спасојевиќ вели дека имал среќа што ајкулата само го „допрела“.
„Почувствував нешто како каснување од комарец и нешто ме туркаше. Кога погледнав, видов две очи и нос”, вели Немања.
За да се спаси, тој пливал брзо кон брегот и што е можно поблиску до карпите за да може да се заштити.
„Јас испаничив и удрив по водата и се погрижив перките да ми одат надолу, така што ако повторно ме нападне, ќе ми ги гризе перките, а не раката или ногата“, изјави Немања за NBC.
Кога пливал на брегот, сфатил дека неговиот костум е полн со крв. Потоа станал свесен дека нема да може сам да се качува по скалите до автомобилот и да вози до болницата.
Тој брзо го врзал бутот со каиш, за да не изгуби многу крв.
Да бидат работите уште полоши, плажата била скоро празна.
За среќа, Спасојевиќ некако успеал да го повика рибарот, кој потоа повикал брза помош.
„Го видов и помислив дека сигурно има проблеми. Трчав кон него, и тој ми рече: „Ме касна ајкула, може ли да ми помогнеш”, вели рибарот Томас Масота.
Лекарите за брза помош го однеле Немања, кој тежи скоро 100 килограми, по скалите и веднаш го пренеле во болница.
„Толку многу луѓе ми дојдоа на помош. Добро е што ајкулата беше нежна, инаку не би стоел овде денес”, рече Спасојевиќ, кој беше опериран во болницата.
Нападот на ајкулата кај Немања не внела страв во неговите коски, туку тој вели дека планира да се врати во океанот веднаш штом лекарите ќе му кажат дека тоа ни е дозволено.