Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска во Куманово организира завршен настан за Кампањата за публицитет за ИПАРД Програмата 2014-2020.
Беа презентирани активностите спроведени во текот на кампањата, која почна на 21 ноември 2018 година и која поради пандемијата има продолжено траење од 18 на 24 месеци.
Раководителот на одделението за следење на ИПАРД, Виктор Младеновски нагласи дека Телото за управување со ИПАРД нема да престане со активности по завршувањето на оваа кампања.
– Ќе има поинаков аспект на промоција на стекнати искуства и добри праски од спроведувањето на ИПАРД што директно ќе придонесе да се подобри информираноста за ИПАРД и да има поквалитетни проект, истакна Младеновски и ги повика присутните да ги користат постојаните канали за комуникација и да придонесат да се подобри публицитетот на кампањата.