Превезувале огревно дрво без лиценца, приведени две лица во кумановско

Сподели со своите пријатели

Две лица од Куманово биле приведени вчера под сомнение дека превезувале огревно дрво без соодветна документација.

– На 14.10.2025 во 18:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Н.Д.(26) од Куманово и Н.Н.(19) од село Орашац, кумановско, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при преглед на товарно моторно возило во село Тромеѓа, кумановско, било констатирано дека  превезуваат огревно дрво без соодветна документација.

– Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни пријави, стои во соопштението на МВР.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ѓорѓевиќ: „Ќе се залагам за поинклузивно Куманово, каде еднаквоста ќе биде начин на живеење“ (ВИДЕО)

Никола Ивановски