Превентивни акции за спречување пожари во Куманово, Липково и Старо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

Отсекот за превенција од СВР Куманово, претставници од ЈП „Национални шуми“, Дирекцијата за заштита и спасување, одржаа средби со претставниците на локалните самоуправи, Куманово, Липково и Старо Нагоричане на која разговараа и ги утврдија заедничките активности кои ќе ги реализираат со граѓаните за превенција и спречување на пожари на отворен простор, информираа денеска надлежните.

Loading...

Претставниците на полицијата во соработка со претставниците на службите поделија летоци на граѓаните во населените места.

 

 

– Заедно со шумочуварите одржавме средби и договоривме заеднички активности на терен, средби со граѓани, разговор, укажување на начини за заштита на шумите, заштита и спречување на настанување на пожари на отворен простор, за делумната забрана за движење во шумите. Граѓаните се информираа и за репресивните мерки, изјави началник на отсек за превенција од СВР Куманово, Виолета Богдановска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ќе се отстрануваат хаварисани возила во Куманово (ВИДЕО)

Стручните лица сметаат дека граѓанската совесност е клучна за заштита на шумите како национално, непроценливо богатство.

 

Loading...

 

Полицијата и другите служби апелираа до граѓаните да ги почитуваат дадените ограничувања, забрани, законски прописи, кои се однесуваат на спречување на настанување на пожари, без потреба да не се движат во шумскиот предел, да имаат соодветна дозвола, да не палат огин на отворен простор, да не палат стрништа.

Ваквите пожари појаснуваат тешко се контролираат и можат да имаат несогледливи последици.

 

 

Оние кои имаат дозвола за движење во шумите, да не фрлаат догорчиња, службите да ја отстранат запаливата вегетација, родителите да не дозволат децата да играат со запалки.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Tрибина и евидентирање за скрининг мамографија денеска во Куманово

– Многу е важно како се однесуваме. Понекогаш најмалиот пожар може да се изгаси со чаша вода и граѓаните треба навремено да пријават и со тоа да придонесат за зачувување на здравјето и животот на сите, да го зачуваат шумското богатство, појасни Богдановска.

На средбите со граѓаните е укажано и на репресивните мерки, затворски казни за намерно палење на шумите, високи парични казни за непочитување на забраната за движење на шумите.

МИА