Претставници од ФУСМАК на прием во Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, денеска оствари средба со раководството на Федерацијата на училишен спорт на Македонија (ФУСМАК), во пресрет на државното училишно првенство во пливање кое ќе се одржи на 8 октомври на градскиот базен во Куманово.

На состанокот, кој се одржа во присуство на претседателката на Советот на Општината, како и на претставници од Општинскиот сојуз на спорт Куманово (ОССК) и Општинскиот сојуз на училишен спорт, присуствуваа претседателката на ФУСМАК, Елена Мицковска, и генералниот секретар, Глигор Христов.

 

 

По повод настанот, градоначалникот Димитриевски доби благодарница од Федерацијата за неговата посветеност и континуирана поддршка на училишниот спорт, со што Куманово се вбројува на прво место во земјата по развој и организација на вакви активности.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ѓорѓиевска: Куманово мора да се развива организирано, планирано и во интерес на граѓаните (ВИДЕО)

Според организаторите, училишното првенство во пливање претставува значаен спортски настан кој ќе собере млади спортисти од цела држава и ќе придонесе за промоција на спортот и здравиот начин на живот меѓу учениците.