Претставници на САД и Венецуела повторно на иста маса, тема на состанокот е мистерија

Сподели со своите пријатели

САД остануваат отворени за дијалог со владата на Венецуела, изјавија американски официјални претставници откако претседателот Николас Мадуро изјави дека се согласил да ги рестартираат разговорите.

Loading...

Официјалниот преговарач на Венецуела и претседател на Националното собрание, Хорхе Родригез, ќе учествува во дијалогот, рече Мадуро во вторникот, без да прецизира за кои точно теми ќе се разговара, пренесува Ројтерс.

Не се знае дали средбата ќе се одржи во живо или преку видео повик.

Претходна средба меѓу високи американски претставници и претставници на Мадуро се одржа во Мексико во средината на април.

Ројтерс потсетува дека во пресрет на претседателските избори во Венецуела, кои ќе се одржат на 28 јули, социјалистичкиот претседател бара трет мандат, додека Вашингтон е загрижен дали Мадуро ќе ги исполни своите ветувања за одржување слободни и фер избори.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Втор круг од претседателските избори во Иран: Масуд Пезешкијан или Саид Џалили

Мадуро сега се натпреварува против Едмунд Гонзалес, поранешен дипломат кој е именуван за главен кандидат на опозицијата.

САД повторно воведоа нафтени санкции за Венецуела во средината на април, обвинувајќи го Мадуро дека не ги почитува целосно изборните гаранции што ги даде во договорите со опозицијата.