Претставници на АПЕК: Русија веднаш да ја прекине војната во Украина

Сподели со своите пријатели

Претставниците на седум земји, вклучително и оние кои го напуштија состанокот на министрите за економија на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во знак на протест поради рускиот напад врз Украина, ја повикаа Русија веднаш да ги прекине непријателствата во Украина.

Loading...

Претставниците на САД, Австралија, Канада, Чиле, Јапонија, Јужна Кореја и Нов Зеланд во заедничка изјава истакнаа дека се длабоко загрижени поради хуманитарната криза во Украина, јави Танјуг.

 

Во Германија, јавниот превоз во наредните три месеци е речиси бесплатен за сите

 

„Потврдувајќи ја важноста на меѓународниот поредок заснован на правила, кој поддржува отворен, динамичен, отпорен и мирен азиско-пацифички регион, ние силно ја повикуваме Русија веднаш да ја прекине употребата на сила и целосно и безусловно да ги повлече сите свои воени сили од Украина, изјавија претставнициte на седумte земји.

Претставниците на некои земји го напуштија состанокот кога рускиот министер за економија Максим Решетников зборуваше на отворањето на дводневниот состанок во АПЕК, кој се состои од 21 земја.

 

Loading...

Во Германија, јавниот превоз во наредните три месеци е речиси бесплатен за сите

 

Делегациите на петте земји кои изразија протест, се вратија на состанокот кога Решетников го заврши својот говор, откри тајландскиот претставник.