Новата структура изградена за да го обезбеди нуклеарниот реактор во Чернобил им беше претставена на медиумите.
Реакторот број 4 во нуклеарната електрана во Чернобил во Украина, експлодираше и изгоре на 26 април 1986 година.
Во текот на изминатите девет години под покровителство на Европската банка за обнова и развој изведени се опсежни градежни активности за да се обзбеди истопеното јадро на реакторот и 200 тони високо радиоактивен материјал.
НАЈСТРАШНАТА СНИМКА ОД ЧЕРНОБИЛ: Човекот кој ја направил починал два месеци потоа (ВИДЕО)
На новинарите им беше прикажан новиот бетонски саркофаг со својата инсталирана опрема.
Проектот чинеше 1,5 милијарди евра, кои ЕБРД ги обезбеди со поддршка на 45 земји и Европската унија, како и со 715 милиои евра сопствени средства.
Фото: YouTube printscreen