„Шмекер со капа“ е насловената претставата која вечерва ќе се игра во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, која воедно е и една од најинтересните претстави оваа сезона.
Автор на драмата е Стивен Адли Гуиргус, а во режија на Ќазмедин Нуредини и за прв пат ќе биде изведена пред кумановската публика вечерва во 20 часот.
Станува збор за претстава која се игра на македонски, албански, турски и француски јазик, а е во организација на Театар „Ултра“. За сите љубители на театарската уметност кои ќе се одлучат да ја проследат ќе биде обезбеден и превод на англиски јазик.