Претставата „Младиот чорбаџија“ во понеделник во Куманово

Сподели со своите пријатели

Едукативната претстава за најмалите „Младиот чорбаџија“ премиерно ќе биде изведена в понеделник во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово со почеток во 18 часот.

Loading...

Театарската претстава „Младиот чорбаџија“ е работена според мотивите на делата на Марко Цепенков. Оваа претстава е работена со цел да на децата им го прикажеме народното творештво преку театар.

 

 

– Преку оваа претстава се доближува нашата традиција до децата, и укажува на многу клучни нешта кои се важни за нив, а тоа е однесувањето кон семејството. Сценографијата, костимите и музиката се изработени во духот на нашето традиционално творештво, изјави актерот Сашо Ристовски.

Во претставата играат актерите од македонските народни приказни: Магдалена Ризова – Черних, Сашо Ристовски и младите актери: Ема Давчева и Бранко Атанасов.

 

Loading...

 

Претставата е во продукција на Театар Хит Скопје.

Билетите се по цена од 150 денари се во продажба од вторник 7 мај на билетара во Центар за култура.

Никола Ивановски