Вечерва со почеток во 20 часот во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ започнува 19то издание на фестивалот „Денови на комедија“, а честа да ја отворат манфиестацијата ќе им припадне на актерите од Театар Комедија со претставата „Име“.
Претставата е работена според текст на Александар де ла Пателие и Метју Делапорт, а во неа ќе играат: Јелена Жугиќ, Роберт Ристов, Атанас Атанасовски, Илија Илиоски и Кристина Ласовска.
Фестивалот ќе трае до 15 октомври, а ќе се претстават вкупно 13 театри од земјата и од странство.