Претставата „Фанови“ вечерва на „Денови на комедија“

Сподели со своите пријатели

Со претставата „Фанови“ вечерва продолжува меѓународниот фестивал „Денови на комедија“ во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово.

Loading...

Претставата е во продукција на „УГД“ Штип, а според текстот на Елин Рахнев. Улогите ги играат: Ефтим Трајчов Ѓаурски, Милорад Ангелов, Соња Пилатова и Дарко Наковски.

„Фанови“ е еден од најиграните текстови на Елин Рахнев. Комедија на карактери за животите на двајцата фудбалски фанови на Ливерпул што се раѓа од нивната лична животна трагедија.

Дејствието е сместено во шест сцени во континуиран временски период од 24 часа, каде е прикажано патешествието на двајцата главни лика од нивните домови кон летот за Киев и средба во бар со другите фанови се до крајната цел натрепварот во финале во Лига на Шампионите каде нивниот тим Ливерпул се бори за толку посакуваната титула.

Во претставата останува да видиме што значи страст кон животот и дали двајцата ќе го одсонуваат својот сон за кој и живеат.

Никола Ивановски

Leave a Reply