Во рамките на фестивалот „Куманиум“ годинава ќе биде изведена детската претстава „Супер Вселенко и роденденската торта“ од „Театар за тебе“ од Скопје.
Најмалите ќе имаат можност да уживаат во маските од познати цртани филмови, а ќе има и караоке и перформанс за деца.
Настанот започнува од 11 часот. Поради лошите временски услови, наместо на отворено, ќе се одржи во салата на Занатчискиот дом. Влезот е слободен.
Организацијата е на Фондацијата за култура и спорт, а под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово.
Никола Ивановски