Претседателскиот кандидат на Јужна Кореја сака да ја врати „жешката“ директна телефонска линија со Пјонгјанг

Сподели со своите пријатели

Либералниот претседателски кандидат на Јужна Кореја, Ли Џе-мјунг, денес изјави дека доколку биде избран, ќе се обиде да воспостави повторно комуникација со Северна Кореја, вклучително и воена телефонска линија.

Loading...

Ли, кој според анкетите има најголеми шанси за победа на изборите на 3 јуни, во порака на платформата „Фејсбук“ изјави дека стабилно ќе управува со односите со Кина, кои, според него, достигнале најниско ниво за време на претходната администрација.

Тој вети дека ќе ги развива односите со САД како сеопфатен стратешки сојуз, принципиелно да одговара на историските и територијалните прашања поврзани со Јапонија, а истовремено да работи на зајакнување на соработката на Јужна Кореја со Вашингтон и Токио.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Силна експлозија го стресе Рим, ја регистрираа и сеизмографите (ВИДЕО)

Во Јужна Кореја, кампањата за вонредните претседателски избори, кои ќе се одржат на 3 јуни, започна кон средината на мај.

Кандидатите најчесто најавуваат обединување на длабоко поларизирано општество и поттикнуваат економски раст, во време кога претстојат трговски преговори со Соединетите Американски Држави.

На предвремените избори ќе се избере наследник на претседателот Јун Сук Јеол, кој беше отповикан поради воведување краткорочна воена состојба, предизвикувајќи политичка криза во земјата.

Кандидатот на либералната Демократска партија, Ли Џе Мјунг, кој загуби од Јун Сук Јеол на претходните претседателски избори, е оценет како фаворит на изборите, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Неговите тековни судења, поврзани со обвиненија за поткуп и скандал со развој на недвижности вреден милијарда долари, се одложени до по изборите.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тешка несреќа во Германија: Се преврте Фликсбус. Повредени се 20 патници

На предизборен митинг, облечен во панцири поради безбедносни закани, Ли Џе-мјунг вети дека ќе стане обединувачки лидер и ќе ја надмине трговската криза предизвикана од царините наметнати од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Доколку биде избран, Ли најави дека ќе работи на санирање на влошените односи со Северна Кореја, со која Јужна Кореја технички е во војна, и ќе се фокусира на подобрување на дипломатските односи со Европа.

Неговиот конзервативен ривал од Партијата на народната моќ (ППП), Ким Мун Су, ја започна својата кампања на јавен пазар во Сеул, јадејќи корејска супа од колбаси заедно со трговците и ветувајќи дека ќе ги оживее малите бизниси во бавната економија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се урна станбена зграда во Пакистан, најмалку пет лица загинаа

Доколку биде избран, Ким предложи итен состанок со Трамп за преговори за царините и најави дека ќе се фокусира на зајакнување на безбедносниот сојуз со САД.