Претседателот Пендаровски со апел да се протестира достоинствено и без насилство

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска преку соопштение упати апел и повика да се протестира достоинствено и без насилство.

Loading...

„Неприфатливо е користење на насилство и поттикнување насилство во политички цели. Настанот кој се случи вчера во Скопје не смее да се повтори бидејќи нема ништо позначајно од мирот и безбедноста на сите граѓани.

Упатувам апел до сите организатори на протестите, кои овие денови се одвиваат во Северна Македонија да преземат одговорност и нивното демократско право да протестираат да продолжат да го практикуваат достоинствено и без насилство. Истовремено најостро го осудувам носењето и користењето на огнено оружје од цивили и граѓани на земјава, кои не се припадници на органите за безбедност.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Свечено отворена Младинската Олимпијада (ФОТО)

Вчера полицијата имаше навремена реакција која спречи поголеми судири. Очекувам сите лица кои вчера беа инволвирани во инцидентот да бидат приведени и соодветно санкционирани во најкус можен рок“, стои во апелот на претседателот Пендаровски.