Претседателот на Република Српска во посета на Куманово (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Делегација предводена од претседателот на Република Српска Жељка Цвијановиќ денеска оствари официјална посета на Општина Куманово при што оствари средба со градоначалникот Максим Димитриевски.

Повод за посетата е празникот на српската заедница Свети Сава, но и фактот дека Општина Куманово има долга традиција на пријателски односи со повеќе општини во Република Српска и Босна и Херцеговина.

 

 

Како што истакна градоначалникот Максим Димитриевски на заедничката прес конференција, Куманово има голема соработка на културно ниво со повеќе општини од тој крај, но денеска се разговарало и за продлабочување на соработката на економски план.

– Ние таа соработка ќе продолжиме да ја негуваме и унапредуваме. Соработката веќе се одвива на културно ниво, а секако нашата цел е да се зголеми и на економско ниво. Сакам во оваа прилика да им го честитам денот Свети Сава на сите претставници на српската заедница во Македонија, да посакам здравје, среќа и успех, рече Димитриевски.

 

 

Како што истакна Цвијановиќ голема е честа што нејзината официјална посета на Македонија започнува токму од Куманово, поради одличната соработка со тамошните општини.

– Она што ме радува е што сите заедници успешно и во договор, сложно би рекла живеат во една локална заедница како оваа и секако дека српската заедница искажува големо задоволство со меѓусобната соработка со уважавање на потребите на сите заедници кои живеат на овој простор и тоа е сигурно еден одличен пример на добар соживот, но исто така и на кој начин можат да допринесат сите заедно за изградба токму на локалната заедница во која што живеат, рече претседателот Цвијановиќ.

 

 

Како што истакна таа соработката меѓу Северна Македонија и Република Српска и Босна и Херцеговина има простор за унапредување, а треба да биде проширена и со останатите земји во реигонот.

– Сметам дека имаме огромен и економски потенцијал, но исто така и нешто што може да стане силен политички капител, унапредување на нашето меѓусебно соработување, а врз основа на тоа да се градат подобри односи, инфраструктура, да ги поврзуваме нашите граѓани на различни начини, увезување на нашата понуда, без разлика дали станува збор за туристичка понуда или некои други области, сето тоа се огромни развојни шанси за наштие земји, рече таа.

 

 

Инаку градоначалникот Димитриевски и претседателот Цвијановиќ по заедничката прес конфернеција се упатија кон просториите на Културно – уметничкото друштво „Српски вез“ кои го негуваат српскиот фолклор во градот.

 

Никола Ивановски / Стефан Младеновски