Претседателот на Полска: Русите сакаат да ја изгаснат украинската нација, тоа е геноцид

Сподели со своите пријатели

Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека се согласува со украинскиот претседател Володимир Зеленски дека руските акции во предградијата на Киев и на други места во земјата претставуваат геноцид.

Loading...

„Тешко е да се негира, се разбира“, изјави Дуда за Си-Ен-Ен.

„Ова е злосторство што ги исполнува карактеристиките на геноцид, особено ако се погледне контекстот на различните разговори што се водат“, рече Дуда. „Целта на таа инвазија е едноставно да се изгасне украинската нација“, додаде тој.