Претседателот на Думата: Ако Москва не ја иницираше акцијата, НАТО ќе нападнеше следниот ден

Сподели со своите пријатели

Ако Русија веднаш не покренеше специјална воена операција во Украина, буквално следниот ден НАТО ќе ја започнеше својата операција со посредство на украинските националисти, смета претседателот на Државната дума на Русија, Вјачеслав Володин.

Loading...

– Успеавме да спасиме животи на стотици илјади луѓе – истакнува Володин за телевизискиот канал „Русија 24“.

Володин нагласи дека Русија немала друг избор: „Погледнете колку НАТО ја наполни Украина со оружје. Да не покреневме специјална мировна операција, тоа ќе доведеше до трагични последици за сите.

Според него, предизвиците со кои се соочи Русија поради воведените санкции ќе доведат до тоа земјата да стане поинаква – посилна и економски понезависна.

– Што се однесува до специјалната воена мировна операција, нејзината реализација ќе обезбеди безбедност за нашата земја. Нашите деца и нашите внуци ќе бидат безбедни – изјави Володин.