Претседателот на Азербејџан Илхам Алиев денеска му честиташе на Владимир Путин за победата на претседателските избори во Русија, пренесува Тасс.
Алиев му ја честитал победата на Путин на претседателските избори и му посакал успех во неговите претседателски активности насочени кон развојот и просперитетот на земјата, соопшти прес-службата на претседателот на Азербејџан.
За време на разговорот, тој изрази уверување дека сојузничките односи и стратешкото партнерство ќе продолжат да се зајакнуваат, се додава.