Претреси во Куманово, пронајдена дрога, приведен дилер

Сподели со своите пријатели

Педесет и едногодишен кумановец бил приведен вчера откако полицијата во неговиот дом и во деловен објект му пронашла повеќе видови дрога.

Loading...

– Вчера (06.10.2023)  полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода Б.Б.(51) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, при претрес во неговиот дом во Куманово, извршен по судска наредба, биле пронајдени марихуана, хероин, амфетамин, кокаин и поголема сума на пари во различни валути.

Дополнително, при претрес во неговиот деловен објект во Куманово бил пронајден хероин.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец завшрил во болница со повреди здобиени додека работел

– Б.Б. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава до надлежното обвинителство, стои во соопштението на полицијата.

Никола Ивановски