Претреси кај две лица во Куманово, со дрон ја снимале зградата на полицијата

Сподели со своите пријатели

Претреси кај две лица во Куманово биле извршени во текот на денот, поради основи на сомнение за неовластено снимање на зградата на СВР Куманово.

Како што информираат од полицијата, во текот на претресот биле пронајдени 15 дронови и куршуми.

– Денеска (12.09.2025), со судска наредба, полициски службеници од СВР Куманово извршија претреси во домовите на Д.Х.(47) и Д.Г.(51), двајцата од Куманово, како и во просториите на правното лице на Д.Г., во врска со член 149 и член 152 од Кривичниот законик, велат од полицијата.

Како што стои во соопштението, постапувајќи по објавени видео записи на социјални мрежи, а снимени со дрон на почетокот на август, каде неовластено се снимени зградата на СВР Куманово, службени возила, како и физичкото обезбедување на настан по повод празникот 2 Август, а поради основи на сомнение дека ги направиле Д.Х. и Д.Г. извршени се претресите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се тампонира пат во село Довезенце, градежни активности и во Орашац (ФОТО)

– Притоа, во домот на Д.Х. се пронајдени, дрон, шест куршуми и неколку нотарски акти и документација, кои ќе бидат предмет за понатамошна постапка, додека кај Д.Г. биле пронајдени 14 дронови, велат од кумановската полиција.

Со двајцата се извршени службени разговори во полициска станица и се работи на расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Никола Ивановски