Претрес во кумановско, пронајдени пиштоли и куршуми

Сподели со своите пријатели

Триесетгодишник од кумановското село Романовце бил приведен вчера откако во неговиот дом биле пронајдени пиштоли и куршуми.

Loading...

– На 24.11.2024 во 10.00 часoт во с.Романовце, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода К.С.(30) од с.Романовце, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени два пиштоли „Зораки“ со рамки и една кутија со 30 куршуми калибар 9 мм.

– Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Дедо Мраз на мотор“ ја внесе новогодишната магија во Куманово (ФОТО)

Никола Ивановски