Претрес во Куманово, запленети пиротехнички средства

Сподели со своите пријатели

Пакувања со над 500 петарди биле пронајдени вчера при претрес во дом на кумановец.

Loading...

– На 17.12.2021 во 14.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.М.(31) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со над 500 парчиња пиротехнички средства – петарди.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски