Повеќе видови дрога биле пронајдени во дом на четириест и тригодишен кумановец, заедно со дигитални ваги.
– На 04.10.2023 во 21.35 часот во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Куманово го лишиле од слобода Д.М.(43) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин, кокаин, бела кристална материја – крек, марихуана и две дигитални ваги со остатоци од различни видови дрога.
Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител.
– По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението на полицијата.
Никола Ивановски