Претрес во Куманово, пронајдена дрога, приведени три лица

Сподели со своите пријатели

Три лица од Куманово вчера биле приведени откако по претрес во куќа биле пронајдени различни видови наркотици.

Loading...

– На 24.04.2025, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода З.А.(62), С.Д.(23) и Д.А.(30), сите од Куманово. При претрес во домот на Д.А., извршен со судска наредба, а во кој биле затекнати З.А. и С.Д., биле пронајдени таблети, бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја, дигитална вага, дробилка и други предмети, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  За четири месеци во Куманово реконструирани низа улици и изградени детски катчиња

Никола Ивановски