Четириесет и петгодишен кумановец бил приведен вчера откако во неговиот дом била пронајдена кафеава прашкаста материја.
Loading...
– На 24.11.2024 во 17.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода О.А.(45) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена кафеава прашкаста материја.
– Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.
Никола Ивановски