Претрес во Куманово, приведен дилер на дрога

Сподели со своите пријатели

Кумановец бил приведен денеска откако кај него биле пронајдени поголеми количини наркотици, информира Министерството за внатрешни работи, без притоа да ја наведе возраста на лицето.

Loading...

– Денеска (07.07.2022) во 16.30 часот полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода Д.С. од Куманово, стои во соопштението.

Како што појаснуваат од полицијата, при претрес во неговиот дом извршен со наредба од Основен суд Куманово, биле пронајдени и одземени 7 пакувања дрога, и тоа: 4 пакувања хероин, 2 пакувања кокаин и едно пакување марихуана.

– Д.С. е приведен во СВР Куманово и известено е ОЈО Куманово, а по целосно расчистување на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ќе се отстрануваат хаварисани возила во Куманово (ВИДЕО)

Никола Ивановски