Преку ноќта беше нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи, особено во северните и североисточните делови. Локално процесите беа поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и според радарските слики и можна појава на град. Во раните утрински часови атмосферата се стабилизира, така што утрово насекаде е сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во текот на денот ќе имаме претежно облачно и нестабилно од пладне и попладне со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и град. Се очекува на места да наврнат над 35 л/м 2 дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 30 степени.
Во Куманово и околината вчера наврнале вкупно 7 литри дожд на метар кавдратен, а за денеска претпладне ќе имаме претежно сончево и топло време, додека во попладневните часови се очекува да настапи нестабилност проследена со дожд и силни електрични празнења. Максималната дневна температура ќе достигне 24 степени целизусови.
Утре ќе преовладува сончево со умерена облачност, попладне нестабилно на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. И во првите денови од наредната недела во попладневните часови ќе има појава на нестабилност, која ќе биде повеќе локализирана.