Претпладне сонце и високи температури, а попладне пороен дожд и грмотевици

Сподели со своите пријатели

Денес во претппладневните часови ќе имаме сончево и топло време, попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови, велат синоптичарите од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури ќе се движат од 12 до 20 степени, додека дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 30 до 38 степени целзиусови.

Во Куманово и околината ќе имаме претежно сончево време со умерена облачност, но без услови за дожд и грмежи. Максималната дневна температура ќе го достигне 33от степен, а ќе дува слаб ветер од северен, односно северозападен правец.

За време на викендот во претпладневните часови ќе биде сончево и топло, а попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Во почетокот на наредната недела времето ќе биде стабилно
со благ пад на температурата.