Претежно сончево со температури до 14 степени

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во западните делови на земјата ќе биде со мала до умерена, а на истокот со значителна облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Рано претпладне на југоистокот ќе има слаб локален дожд. До крајот на денот облачноста ќе се намали насекаде.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи околу еден степен над нулата, а максималната дневна се очекува да достигне 14 степени целзиусови.

 

 

До крајот на неделата ќе се задржи претежно сончево време со високи дневни температури.

Никола Ивановски