Претежно сончево и студено со слаб северозападен ветер

Сподели со своите пријатели

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево и студено со слаб до умерен северозападен ветер.

Температурата ќе се движи од минус еден до пет степени.

Во Скопје ќе биде претежно сончево и студено со слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе достигне до три степени.

До крајот на работната недела следува период на претежно сончево, суво и студено време со слаб до умерен северен ветер. Утрата ќе бидат најстудени во четврток и петок. За време на викендот се очекува ново зголемување на облачноста проследено со повремено засилен северен ветер и повремени врнежи претежно од снег, особено во западните и северните делови.

Извор: МИА