Претеравте со пиење? Еве што може да ви помогне!

Сподели со своите пријатели

Ако во текот на деновиве, претерате со пиењето слободно можете да посегнете по лекоите за мамурлук. Ви предлагаме да го пробате чајот од ѓумбир или од нане. Ако не сте баш љубител на чајот тогаш пробајте со старата добра сода бикарбона.

Loading...

Поголемите симптоми од пијанството може да ги намали чајот од ѓумбир. Освен што е многу вкусен, тој лесно се подготвува. Излупете свеж корен од ѓумбир со големина колку палецот, па исечете го на 10-12 парчиња. Помешајте со четири шољи вода и оставете го да врие десетина минути.

Процедете го така што од течноста да ги отстраните парчињата ѓумбир, па додадете сок од еден портокал, половина лимун и едно лажиче мед. Пијте си го овој напиток се додека не ви стане полесно.

Ако сте претерале со пиењето може да ви помогне и чајот од нане. Нането за лечење од пијанство го користеле уште старите Грци и Римјани. Овој чај можете да го комбинирате со ким и со тоа ќе го зајакнете неговото дејство.

СОДА БИКАРБОНА, СТАР ДОБАР ЛЕК ЗА ПИЈАНСТВО

Таа може да го отстрани чувството на надуеност, како и да ја врати  pH вредноста во рамнотежата. Помешајте ја со вода и испијте ја.

Лимунадата исто така го олеснува пијансгвото после големи количнини на алкохол. Многу добро знаеме дека лимунот е полн со витамин C. Тој го јакне имунитетот а покрај тоа е добар  и за желудникот. Лимунадата која е направена со топла вода помага да се ослободиме од проблемите со варење.

Leave a Reply